Лоциран на најдобрата локација во мегалополисот Истанбул, хотелот Света Софија Мансионс Хилтон ( Hagia Sofia Mansions Istanbul ) претставува збир од повеќе куќи кои се преуредени во луксузен хотел кој се протега точно на улицата помеѓу славната градба Света Софија и Топ Капи Сарај или практично овој хотел нуди сместување во нај значајниот историски дел на градот кој опфаќа историја неколку илјади години.
Од дестиците куќи кои се изградени во типичен стил за историскиот дел на Истанбул ја издвојуваме „Зелена куќа“ која е лоцирана на плоштадот покрај Света Софија. Оваа куќа има прекрасна градина во која работи ресторан, каде гостите кои се сместени во објектот , но и било кој турист во Истанбул може да ужива во богатото мени кое се нуди и во кое има се, од храна, традиционален турски чај и турско кафе, па се до европски и американски кафиња и слатки десерти.
Собите во „Зелената куќа“ како и во целиот хотел се уредени во стил кој одговара на традицијата на уредување на куќите во овој дел на Истанбул, што само ја надополнува целата приказна која ја нуди хотелот „Аја Софија“ и чувството кое се содава кај посетителите кои тука во овие куќи заедно со атмосферата и енергијата на улицата каде се наоѓаат може да го почувствуваат духот на Истанбул кој се пренесува низ вековите и доаѓа до денес.
Покрај градината во „Зелената куќа“ хотелот има уште една градина која во која има кафе бар и е во состав на неколку куќи лоцирани на другиот крај на улицата, тука е и третата тераса на која е хотелскиот ресторан кој буквално е лоциран на самиот бедем од „Топкапи Сарај“ , каде се служи доручек за гостите, но може и да се ужива како гостин и од каде се пружа поглед на „Аја Софија“.
За гостите на хотелот кои сакаат да одат од еден до друг кај на улицата на располагање се неколку електрични возила и возач кој може да ве вози од еден до друг крај на улицата и објектите кои се во состав на „Аја Софија Мансион Хилтон Истанбул“.
ПОВРЗАНА ВЕСТ: Аја Софија – божествената мудрост споена во црква и џамија
Овој уникатен хотел располага и со спа центар кој е една сосема поинаква приказна бидејќи е поинаков од тоа што сте имале прилика да го видите до сега. Спа центарот е направен во стилот на познатите турски амами и престојот во него е вистинско доживување.
Автор : Patuvanja.mk Фото и видео www.onemedia.mk