На „Гратска Плажа“ во Охрид, Хотел Мизо тони во мир и дебели сенки од стогодишните чинари

РЕЗЕРВАЦИИ И ИНФОРМАЦИИ НА Телефон046 264 621

Веб сајт https://hotelmizo.com.mk/

Во срцето на Охрид, веднаш после светски познатата иконографска црква Свети Јован Богослов кај Канео, се наоѓа нај старата плажа во Охрид на која работи хотелот „Мизо“.

Хотелот е на самиот езерски брег, пред него се простира долга песочна плажа од која се пружа поглед на непрегледното синило на Охридско Езеро, и на зелената борова шума која го обиколува „Самоиловите тврдини“ кои стојат високо на ридот над градот Охрид.

ТРАДИЦИЈА ДОЛГА ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ – ТУКА БИЛА ПРВАТА ПЛАЖА ВО ОХРИД

„Градска Плажа“ во Охрид почнала да функционира како еден вид организирана плажа пред повеќе од 100 години, и тоа било прво место каде луѓето од Охрид имале можност да доаѓаат и да се разладуваат во лето. Тогаш пред повеќе од 100 години, се засадени и десетиците чинари кои денес прават дебела сенка и ладовина во која „тоне“ хотелот.

КОМПЛЕКС ОД КУЌИ ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ

Хотелот покрај главната зграда е опкружен со куќарки од дрво, поделени во повеќе депанданси, како и десет прекрасно уредени вили кои ви овозможуваат целосна приватност и сите заедно формираат една целина составена од плански улички, кои сите заедно се прекриени со крошните на столетните чинари.

Сето ова заедно со тревниците кои се беспрекорно се одржувани прави една зелена оаза каква што ретко се среќава во Македонија и создава чувство како да сте некаде во Словенија или Швајцарија.

БАЗЕН СО БАР

Хотелот има и базен каде работи бар за пијалоци, а дел од куќиќките имаат балкони со поглед токму кон базенот и езерото.

ПОВЕЌЕ ПОГЛЕДИ КОН ХОТЕЛ МИЗО, СОБИТЕ, БАЗЕНОТ И ПРЕКРАСНАТА ЗЕЛЕНА ОКОЛИНА ВО ВИДЕО РАЗГЛЕДНИЦАТА ПОДОЛУ

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds