Во јужниот дел на соседна Романија, на површина нешто помала од 230 квадратни километри, се простира главниот град, кој е познат по многу автентични локации.
Иако се верува дека Букурешт бил населен од 500 п.н.е., тој првпат бил споменат во историските записи во 1459 година.
Официјално е прогласен за главен град на земјата два века подоцна, во 1659 година.
Од почетокот на минатиот век го доби прекарот „Малиот Париз“, пред се поради неговите пространи булевари, карактеристични со улици со дрвја, како и поради фактот што многу згради во Букурешт се изградени во архитектонскиот период познат како Бел Епок.
Легендата за основањето на градот
Освен многу интересни дестинации, меѓу кои се издвојува најголемиот музеј под отворено небо на цело европско тло, Букурешт е проследен и со интересна легенда за основањето на градот.
Овчарот, чие име народски говори дека се викал Букур, е главниот „виновник“ за основањето на денешниот главен град на Романија. Неговото име лабаво преведено од романски јазик значи „радост“.
Букурешт, Романија
Според оваа легенда, Букур сакал да свири на флејта и тоа го правел на таков начин што луѓето биле маѓепсани. Локалните трговци, кои исто така биле воодушевени од неговото вино, се сметаат за одговорни за потеклото на името на градот, бидејќи денешниот Букурешт го нарекле по Букур.
Најголемиот европски музеј на отворено
Веќе во 1936 година беше донесен кралски декрет, благодарение на кој беше основан Селскиот музеј во главниот град на Романија.
Бидејќи зафаќа површина од околу 30 хектари, Музеул Сатулуи, како што гласи неговото првобитно име, со право се смета за најголем од ваков вид на европско тло, посочува „Романијатуризам“.
Се наоѓа во паркот Херестрау, на брегот на истоименото езеро и на посетителите им нуди можност да се запознаат со архитектурата, карактеристична за романските села.
Со големо внимание, на оваа локација се донесени 50 автентични селски згради од целата земја, каде што сите згради се повторно монтирани, со цел што поверно да се прикаже духот на традиционалните села на Романија.
Селскиот музеј е отворен за посета секој ден од вторник до недела од 09:00 до 19:00 часот по локално време, додека во понеделник работното време на овој интересен музеј е од 09:00 до 17:00 часот.
Во овој музеј во текот на годината се организираат многу интересни манифестации.
ona.rs