Трпејца – село со бисерна плажа на Охридско Езеро

Следете не на нашата FACEBOOK страна Patuvanja.mk

Ова е Трпејца – малото село на Охридското Езеро кое е идеална дестинација за секој кој бара мир и опуштање во прекрасна природа и една од нај специфичните плажи на Охридско Езеро, која е полна со заоблени бели кмења.

Селото Трпејца е сместено на југозападниот дел на Охридското Езеро, а со својата локација и неверојатни пејзажи, тоа е едно од најпосетуваните туристички места во регионот. Селото е познато по камените куќи и улици со плочки, што го прави уникатно и неодоливо за туристите.

Видео од селото Трпејца и околните плажи снимено со дрон

Од Трпејца може да се ужива во прекрасните плажи на Охридското Езеро, како и во многу други активности, како што се кајак, водени спортови и пешачки туризам.

Во Трпејца има неколку ресторани кои служат локални и балкански специјалитети

Трпејца исто така е познати по својата вкусна локална храна, каде што туристите можат да ги испробаат многу одлични селски сирења и тестенини, а секако тука се и рибните ресторани.

Фото: Елон Јашари

Во селото Трпејца во летниот период секојдневно ќе сретнете бројни туристи, што е доказ за привлечноста и популарноста на оваа дестинација. Некои доаѓаат на еден ден само на плажа но има и такви кои тука одмораат повеќе денови бидејќи во Трпејца скоро во секоја куќа се нуди приватно сместување.

Охридското Езеро е едно од најубавите места во Македонија и Трпејца е една од најубавите села на овој прекрасен дел на Балканот.

Надморската висина е приближно 730 метри. Климата во Трпејца, и покрај значителната надморска височина е умерено континентална, а не планинска.

Некогаш рибарско село, денес стана луксузно место за одмор што многу се потпира на туризмот во текот на летните месеци. Трпејца има околу 300 жители и има само едно училиште, два дуќани и црква која неодамна била изградена на местото каде што била порано. Селото меѓу локалното население е познато и како македонскиот Сен Тропе.

Трпејчани раскажуваат за тоа дека селото го добило името по жена која била сопруга на маж по име Трпе, а по стариот обичај жената се нарекувала по името на мажот, па ја нарекле нарекувале Трпејца.

Според наодите прв пат селото се спомнува кон крајот на 16 век. Низ вековите, Трпејца многу се потпирала на риболов и тргување со риба која се менувала ( трампала ) за други намирници.

Поглед на селото Трпејца и Охридско Езеро од врвовите на Галичица

Селото е длабоко поврзано со планината Галичица која се наоѓа директно над него. Затоа, на локалното население им е дозволен слободен влез во Националниот парк Галичица.

Видео од црквата Света Богородица Захумска – Заум снимено со телефон

Во близина на селото се наоѓа манастирот „Заум“ (Пресвета Богородица Захумска), до кој се стигнува само со брод и е оддалечен околу 8 минути возење со пловило на југ .

Спортски активности на вода во Трпејца – луѓето веслаат кајаци и суп даски од Трпејца до црквата кај Заум.

PATUVANJA.MK

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds