Третиот по големина град во Европа и најголем во Шпанија, Мадрид е метропола која не се наоѓа покрај море, а тоа не е никаков недостаток. Има толку многу делови за истражување, светски музеи за гледање, паркови за одмор. Ако дојдете во Мадрид на неколку дена, дефинитивно ќе сакате да се вратите! Ве водиме низ ТОП локациите на Мадрид, но откриваме и некои помалку познати места во кои би можеле да уживате.
Тоа е многу уникатен главен град, спој на старото и новото, каде калдрмените улици и малите плоштади од 18 век се среќаваат со облакодери и огромни плоштади.
Patuvanja.mk ги препорачува следните знаменитости на Мадрид кои треба да ги посетите
Кралската палата (Паласио Реал)
Кралското семејство не живее во кралската палата, иако тоа е сè уште нивната официјална резиденција каде се одржуваат големи државни и протоколарни церемонии, додека Кралот на Шпанија со семејството живее во палатата Заркуела на периферијата на градот.
Кралската палата е секако најелегантната зграда во Мадрид. Изградена е од камен, а денес е еден од нај важните музеи на светско ниво. Има 3.418 соби и зафаќа површина од 135.000 квадратни метри, што ја прави Кралската палата најголемата палата во Европа. Со посета на делот од палатата кој е музеј ќе можете да посетите 50 простории, што ќе биде повеќе од доволно за да се запознаете со сиот раскош на кралството, особено кога ќе ги видите делата на Веласкез, Гоја, Џордано и Менгс!
Улицата Гран Виа
Нај големата и дефинитивно нај туристичка улица во Мадрид е „Гран Виа“ која се протега од „Плаза де Еспана“ до „Кале де Алкала“ во близина на „Плаза де Цибелес“ . Долга е 1300 метри и стара 100 години.
Оваа улица се нарекува и Бродвеј во Мадрид, заради многуте продавници, огромни екрани, реклами, кина, кафулиња и прекрасни згради, особено Edifico Carrion и Telefonica. Овде можете да го гледате Кралот лав, изведба на Cirque du Soleil или The Poor, да одите на фламенко шоу навечер или стенд-ап комедија во La Chocita del Loro.
Кристалната Палата (Паласио Кристал)
Паласио Кристал се наоѓа во средината на паркот Ретира и се смета за една од иконографските градби во Мадрид. Целосно е направен од стакло, па ќе ве воодушеви прекршувањето на светлината на сонцето, кога зраците ќе минат низ целата палата опкружена со мало езеро во кое има фонтана и живеат патки. Влезот во палатата е бесплатен.
Ретира централниот парк на Мадрид е омилено место каде жителите и туристите доаѓаат да прошетаат и да се релаксираат на клупите покрај езерцето и тревата. Ќе видите многу семејства со деца, спортисти рекреативци, но и оние кои уживаат да читаат книга или да вежбаат јога. Во лето, 15.000 дрвја ја нудат многу потребната сенка, па Ретиро е одлична станица за одмор, а ако сте романтични, езерото среде паркот ќе ве воодушеви. Можете исто така да изнајмите чамец и да веслате.
Погледнете некои од знаменитостите во паркот:
• Палата Веласкез
• Кристал Палас
• Споменик на Алфонс XII
• Шеталиште Аргентина или Патека на статуите покрај кои се наредени споменици на различни владетели на Шпанија
• Градини на Сесилија Родригез: ограден парк со пауни
• Музејот Ејерсито, кој ја прикажува шпанската воена историја
Градска куќа
Прекрасната фонтана Цибелес, изградена во 1782 година, е еден од симболите на Мадрид, а се наоѓа на истоимениот плоштад каде што се наоѓа Градското собрание. Одете до барот во внатрешноста на зградата со прекрасен панорамски поглед на градот.
Стадион Сантијаго Бернабеу
„Фудбалската уметност“ е на врвот во Мадрид благодарение на клубот Реал Мадрид. Посетете го стадионот Ел Бернабеу на Реал со капацитет од 85.000 седишта и кој е само вториот по големина стадион во Шпанија по ФК Барселона. Ќе можете да видите сè, од соблекувалните до клупите, теренот и претседателската ложа и музејот во кој се сместени сите медали и титули освоени од овој кралски клуб.
Храна и забава во Мадрид
Шпанската храна е една од највкусните во светот, но пред да одите во рестораните, треба да знаете нешто за нивните работни навики бидејќи може да бидете гладни во незгодно време или да се запрашате зошто нема никој таму.
Шпанците обично ручаат помеѓу 13 и 15 часот, по што рестораните се затвораат, па имајте го тоа на ум кога планирате оброци. Исто како и тоа што вечерите обично започнуваат во 22 часот и траат до полноќ.
Тогаш започнува ноќниот живот во Мадрид, кој не треба да се споредува со други дестинации бидејќи Мадрид има сопствен дух кога е во прашање забавата. Во градот има безброј клубови, а најбезбедно е да отидете во Ла Латина за храна и пијалоци и подоцна да одлучите каде да продолжите.
Ресторан Амазонико
Посетете го ресторанот „Амазонико“ кој е еден од нај популарните во Мадрид. Тука ќе уживате во врвна храна и шпански вина, а секако во овој ресторан можете да сретнете и некој од познатите лица на шпанската музика, телевизија или филм.
Circulo de Bellas Artes
По уживањето во сите уметнички изложби, работилници и претстави што Circulo de Bellas Artes – една од најдобрите уметнички институции во градот – може да ги понуди, посетителите можат да се упатат кон нивниот неверојатен ресторан на горниот кат, Тартан.
Овој „руф топ бар“ има еден од најпознатите погледи на Мадрид, со поглед на Гран Виа. За оние посетители кои сакаат да преноќат и да резервираат вечера, влезот е бесплатен.
Автор: Патувања мк