Тајната за долг и здрав живот е откриена на малиот јапонски остров Окинава, каде што жителите – поточно 450 од нив – имаат над 100 години. Окинава е најздравото место во светот!
Што прават жителите на јапонскиот остров Окинава поинаку од остатокот на светот?
Дали и денес е можно да се води мирен живот без стрес и да се ужива во поодминатите години, со оглед на брзото темпо на живот, глобалното загадување и брзите климатски промени?

Очигледно, можно е!
Научните истражувања покажуваат дека островот Окинава е најздравото место во светот, со просечен животен век од 86 години за жените и 78 години за мажите. Долговечноста овде е правило.
Окинава е остров во архипелагот РјуКју кој административно припаѓа на Јапонија.
Освен што е познат по каратето, овој остров е познат по своите жители кои стареат побавно од другите луѓе во Јапонија.
Тие не само што живеат долго, туку и се здрави и среќни.
Сигурно се прашувате која е нивната тајна?
Нивната тајна е многу едноставна: тие внимаваат што јадат, што го надополнуваат со позитивен став кон животот.

Како што самите велат, стресот им е непознат.
Исхраната на жителите на Окинава се базира на ориз, зеленчук и риба, кои ги јадат три пати неделно.
Тие пијат шест чаши вода дневно, избегнуваат алкохол и пијат зелен чај – кој има антитуморски својства – наместо кафе.
Едно од правилата на нивната исхрана е содржано во изреката „хара хачи бу“, што значи дека треба да се престане со јадење кога сте околу 80 проценти сити.
Жителите на Окинава консумираат просечно 1.200 калории дневно, што е околу 1.000 калории помалку од просечниот жител на Западот.
Субтропската клима, со зимски температури што ретко паѓаат под 15 степени, го прави ова место идеално за живеење.

Морето околу островот – кое се смета за едно од најубавите, со корални гребени и егзотична вегетација – го надополнува идиличниот амбиент на островот.
Околните острови заедно ја формираат префектурата Окинава, попозната како Островите Рјукију.
Архипелагот е познат по својата препознатлива домородна култура, која се разликува од културата на копното во однос на јазикот, кујната, уметноста и друго.
Во однос на историјата на архипелагот, најзначајниот аспект е неговиот статус како независно кралство и притока на Кина неколку векови.
Во 17 век, Островите Рјукију паднаа под контрола на доменот Сацума, на крајот станувајќи дел од Јапонија во 1879 година. Во овој период, народот од Окинава се соочи со притисок да се асимилира во традиционалната јапонска култура.

Благодарение на успешниот отпор против оваа асимилација, културата Рјукију преживеа до денес и стана најважната атракција на Окинава.
За време на Втората светска војна, Окинава била поприште на многу битки кога американските трупи го нападнале островот. Окинава останала под контрола на САД сè до 1972 година, кога поголемиот дел од трупите се повлекле од островот, додека оние што останале формирале контроверзна американска воена база во близина на главниот град Наха, на Окинава Хото (главниот остров на Окинава).
Додека централниот дел на Окинава Хото е силно урбанизиран, јужниот крај на островот е поретко населен, а најсеверниот дел – областа Јамбару – главно е покриен со пошумени ридови, рибарски подрачја и рурални фарми.

На крајот, добро е да се напомене дека, доколку одлучите да ја посетите Окинава, треба да имате предвид оти овој остров се наоѓа на местото каде што се допираат тектонски плочи и дека се можни земјотреси.
wish.hr










