Делче од рајот на Земјата, далеку од градската врева, а воедно и најпознатата бела плажа во светот – тоа е плажата Вајтхејвен (Whitehaven Beach) во Австралија.
Плажата Вајтхејвен е величествен, недопрен појас од песок – долг шест до седум километри – сместен среде длабокото зеленило на тропската вегетација и кристално чистите тиркизни води на островот Витсандеј во Австралија.

Како едно од највпечатливите природни чуда во светот, таа предизвикува восхит. Плажата нуди спокојна атмосфера, создавајќи совршен рај каде што можете да побегнете од вревата и метежот на секојдневниот живот.

Жешкото австралиско сонце силно грее врз кристално белиот песок, но сепак, тој останува пријатен за одење со боси нозе. Во секој момент можете да ги соблечете сандалите и да дозволите стапалата да ви потонат во песокот додека тргнувате во истражување на островот.

На северниот крај на плажата се наоѓа Хил Инлет (Hill Inlet) – најдобро чуваната тајна на Вајтхејвен (Whitehaven).
За време на плима, песокот што се поместува и водите на овој прекрасен залив се вртат и се мешаат, создавајќи идиличен спектар на бои.

Ова прекрасно место остава силен впечаток. Никаде на друго место нема да најдете толку бистра вода – со температура совршена за пливање во секое време – или бел песок што овозможува најдобра природна ексфолијација на кожата
Плажата Вајтхејвен е целосно изолирана.
До оваа исклучително убава австралиска плажа можете да стигнете со приватен брод или со мал туристички брод. Токму поради тоа што не е преполна со луѓе, а и за да се зачува нејзината фасцинантна природна убавина, плажата стана дел од еден недопрен национален парк.

Во близина на ова парче рај нема да најдете кафулиња, ресторани или слични места за пазарување или за некаква „цивилизирана“ 🙂 пауза. Наместо тоа, луѓето доаѓаат овде исклучиво за целосно да се препуштат на прекрасните бои, да доживеат фантастична и спокојна поврзаност со природата и да уживаат во едно навистина божествено бегство од секојдневието.

wish.hr










