Гробот на Свети Лазар, познат како Лазар Четиридневниот, се наоѓа во градот Ларнака на Кипар, во црквата „Свети Лазар“, која претставува едно од најзначајните православни светилишта.
Според христијанското предание, по неговото воскресение од Исус Христос, Лазар заминал на Кипар, каде што станал епископ на Китион, денешна Ларнака. По неговата смрт, бил погребан токму на тоа место.
Неговиот гроб бил повторно откриен во 9 век, по што над него била изградена црквата „Свети Лазар“, која и денес е духовен центар и место на поклонување за верниците.
Дел од моштите на светецот се чуваат во самата црква, која привлекува бројни посетители и поклоници од целиот свет
Евангелието раскажува како Христос, шест дена пред Својата смрт, со особена внимателност на народот „кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил“ (Јн. 11,42) отишол во Витанија да го воскресне Својот мртов пријател Лазар. Витанија се наоѓа надвор од Ерусалим. Тој знаел дека се приближува смртта на Лазар, но промислено го одложувал Своето доаѓање, велејќи им на Своите ученици за смртта на Својот пријател: „Но се радувам заради вас, зашто не бев таму, та да поверувате“ (Јн. 11,15).

Кога Исус пристигнал во Витанија, Лазар веќе бил четири дена мртов. Оваа вистина е постојано нагласена од Евангелскиот расказ и литургиските песни на празникот.

Четиридневниот гроб ја подвлекува страотната реалност на смртта.

Човекот, кој е создаден од Бога по Својот лик и подобие, е духовно – материјално битие, единство на душата и телото.






