Белград – град со неверојатна енергија

Израелската новинарка Рони Еран, која неодамна престојуваше во Белград, објави „Водич за совршен викенд во Белград“, со кој во магазинот „Атмаг“ го сподели своето прво искуство од престојот во главниот град на Србија.

„Белград не е класичен европски главен град со барокни палати и широки булевари, но е град со неверојатна енергија. Има богата понуда на одлични ресторани, бутици, хотели и трговски центри, со цени достапни за израелскиот џеб, а има и одлична улична уметност која ја раскажува приказната за овој град“, опишала Еран, пренесе Беоинфо.

Написот ја истакнува Скадарлија како живописен кварт кој ја зачувува својата уникатност, истакнувајќи дека високите потпетици не се препорачуваат поради калдрмата.

Улицата Кнез Михајлова во Белград

Кнез Михаилова ја гледа како прекрасно шеталиште за шопинг, кое започнува на Плоштадот на Републиката, Народниот музеј и Народниот театар, а на другиот крај е елегантниот Трговски центар „Рајќева“ каде што се наоѓа прекрасниот „Мама Шелтер Хотел“.

„Невозможно е да се посети Белград и да не се види огромната белградска тврдина, која има долга историја на безброј битки. Победата над Османлиите и Австроунгарската империја гордо ја покажува споменикот „Победник“. Овој комплекс денес е место со најубав поглед на „Ушче“ ( устието каде Сава се влива во Дунав ) , особено романтично на зајдисонце“, вели новинарката и дава препораки во кои хотели да се сместите, кои музеи да се посетат и кои места и локации да се видат.

„Белград е позната дестинација за ноќен живот. Во лето има клубови и сплавови, а во зима уникатниот кварт Савамала и Бетон Хол со голем број елегантни ресторани. Возбудлив ноќен живот, историја, култура, ресторани за секој вкус; запознајте го Белград, или како што го нарекуваат Европејците – Нов Берлин“, пишува Рони Еран.


Неколку дена претходно, новинарката Рони Еран објави уште еден текст за Белград во израелското списание „Travel Walla“ за белградската улична уметност, се наведува во соопштението на Туристичката организација на Белград.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds