Србија, Африка и православие: Како била изградена втората српска православна црква во Африка

Висока црква со православен крст на врвот не би била невообичаена глетка на Балканот, но во јужна Африка, таа е вистински „бел џин“ меѓу оние згради што доминираат во архитектурата на Габороне, главниот град на Боцвана.

Црквата Свети Сава – единствената православна црква во таа земја и втората на африканскиот континент – ја гради српската дијаспора од 2015 година.

Поточно, ја градат Срби кои се преселиле таму главно за време на војните во 1990-тите, благодарение на либералниот визен режим во годините кога многу граници беа затворени за Југословените.

„Сега имаме дел од Србија [во Африка]“, вели основачот на црквата и претприемач Миливоје Николиќ.

Како архитектите од Југославија ја градеа Африка

Што значи изборот на Порфириј за патријарх на Српската православна црква?

По што ќе се памети патријархот Иринеј

За сè побројната српска дијаспора во Боцвана, која, според Николиќ, се состои од околу триесет семејства, изградбата на православниот храм претставува историски момент, а за помладите кои се родени и растат таму – духовна и културна врска со нивната татковина.

Животот во парохијата

Во еден од поелитните делови на Габороне, на црвеникава земја и меѓу тие африкански растенија, се издига црквата Свети Сава.

Беше осветена од патријархот Иринеј во 2018 година, за време на првата посета на поглавар на Српската црква на Африка.

„Се впуштивме во тоа од желба да ги оставиме нашите деца, кои пораснаа во Боцвана и имаат малку контакт со Србија, нешто што ќе им помогне да го решат прашањето за нивниот идентитет – кои се и што се“, вели Николиќ.

bbc.com

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds