Сакате да го почувствувате гламурот на Амалфи без гужви? Упатете се кон живописното гратче Равело, кое се наоѓа на ридот, и посетете ги местата што не се баш најпосетени.

Иако брегот на Амалфи е една од најпосетуваните, со други зборови преполни дестинации во Италија, Равело е повеќе под радарот за туристите кои сакаат да го видат овој дел од Италија.
За разлика од Позитано и Амалфи, кои се наоѓаат веднаш до брегот, градот Равело се наоѓа високо во планините, што го прави малку потешко да се стигне до него и затоа е помалку популарен кај еднодневните излетници.
Познато е и вистина е дека Равело отсекогаш бил рај за елитата.

Додека Амалфи бил моќна поморска република, а Позитано сиромашно рибарско село, Равело бил омилен град на благородници, уметници и писатели – вклучувајќи го британскиот романописец Дејвид Херберт Лоренс, композиторот Рихард Вагнер и познатиот холандски графички уметник Мауриц Корнелис Ешер.
Денес, тоа останува омилено место за пребирливите патници кои сакаат да го впијат гламурот на брегот без гужвите.
Откријте што нуди шармантното Равело, од тоа каде да ја пронајдете најдобрата пица до вили што вреди да се посетат.
Палацо Авино – Виа Сан Џовани дел Торо 28, 84010 Равело

Два луксузни петзвездени хотели во Равело се наоѓаат еден до друг. Нашиот избор е Палацо Авино, член на групацијата „Водечки хотели на светот“ управувана од многу стилските сестри Авино, кои топло ќе ве пречекаат во објектот и великодушно ќе ги споделат своите локални совети. Не пропуштајте аперитив во барот „Лобстер и Мартини“, кој исто така има мени со избор на коктели на страници, како и вечера во ресторанот „Роселини“ со Мишелин ѕвездичка, кој неодамна е реновиран и сјае во нов изглед со прекрасен ентериер.
Клубска куќа покрај морето – Виа Мармората, Мармората

Ако сакате да се сончате и да се плискате во морето, подалеку од гужвите, местото каде што треба да одите е Клубската куќа покрај морето во Палацо Авино во соседниот град Мармората. Има бесплатен превоз за гостите на хотелот, кои уживаат во бесплатна употреба на лежалките, соблекувалните и базенот. Лесно можете да поминете еден ден тука, сончајќи се на платформа врежана во ридот, пливајќи во морето и уживајќи во свежи тестенини или улов на денот во ресторанот.
Вила Руфоло – Пјаца Дуомо 1, 84010 Равело

Оваа средновековна вила е толку волшебна што нејзините градини го инспирирале Рихард Вагнер да ја создаде Градината Клингсор во неговата позната опера Парсифал. Првично изградена во 13 век за моќното семејство Руфоло, таа била купена во 1851 година од Сер Франсис Невил Рид, Шкотланѓанец кој ја вратил во нејзината поранешна слава и ги редизајнирал нејзините градини.
Во лето, оваа бајковита вила е домаќин на Фестивалот Равело, со платформа за оркестар изградена во долната градина. Но, дури и ако не можете да фатите концерт кога се одржува, вилата и градините вредат да се посетат.
Вила Цимброне, Виа Санта Кјара 26, 84010 Равело

Друга вила во Равело која заслужува посебно внимание е Вила Цимброне, која се наоѓа поблиску до самиот град, на околу 15 минути пешачење по угорницата од главниот плоштад. Пристигнувајќи пред оваа прекрасна вила, ќе бидете наградени со панорамски поглед кој ќе ги опушти вашите очи со фасцинантен поглед.
Вилата е изградена релативно неодамна, во 1905 година, од англискиот лорд Гримторп, кој пронашол инспирација во мавританската и класичната архитектура на градот. Денес, вилата е хотел со ресторан со Мишелин ѕвездичка, а пространите градини се вистинско задоволство за истражување.
Кумпа’ Козимо, Виа Рома 44, 84010 Равело

Нета Бетоне сè уште ја води оваа скромна траторија, која ја води нејзиното семејство четири генерации. Скромната, едноставно опремена трпезарија е украсена со исечоци од весници, цртежи и фотографии од Равело или од некои од познатите личности кои вечерале тука, вклучувајќи ги Џеки Онасис и – неодамна – Џон Леџенд и Криси Тајген.
Прескокнете го болоњезето, бидејќи ова е одлично место за да пробате морски јадења како пржени ракчиња и каламари.
Мими Пицерија и Кучина, Виа Сан Франческо 12, 84010 Равело

Овој семеен ресторан на мала споредна улица е омилен кај локалните жители за пица во неаполски стил; сите состојки доаѓаат од зеленчуковата градина на семејството или од блиските фарми. Покрај стандардната пица маргарита, постојат креативни опции како онаа со мортадела, страчатела и ф’стаци или онаа инспирирана од шпагети ала Нерано, со тиквички, босилек и проволоне од Агерола. Навистина не можете да погрешите со пица во оваа пицерија која е душата на оригиналните италијански рецепти за пица.
Ceramiche d’Arte Pascal, Via Roma 22, 84010 Ravello

На брегот на Амалфи има десетици продавници за керамика, но Pascal продава вистински уметнички дела во форма на керамика. Некои од дизајните се толку извонредно детални што е тешко да се поверува дека се рачно насликани – ентузијастичкиот сопственик на продавницата, Pasquale Sorrentino, со задоволство ќе ви раскаже сè за нив.
wish.hr