Дартло – грузиско средновековно село со бајковит шарм

Дартло, едно од најживописните села во грузискиот регион Тушети, претставува уникатна комбинација на историја, култура и природна убавина, јавува Анадолу

Сместено во долината Пирикити, околу 15 километри северозападно од селото Омало, ова село датира од 17 век и е познато по своите камени куќи и одбранбени кули изградени со техника на сув камен.

На надморска височина од 1.850 метри, Дартло нуди поглед кон величествениот планински венец Голем Кавказ и лесен пристап до повеќе планинарски патеки.

Меѓу културното наследство се вбројуваат традиционален суд Сабчео, крипти, манастир, урнатини од црква, светилишта и петроглифи.

извор:АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds