Будва, Св. Стефан, Улцињ, Добра Вода, најубавите плажи во Црна Гора

Сместено на југот на Црна Гора, тоа е богато со убави плажи, кристално чисто море и убава архитектура, која годинава привлекува туристи од целиот свет. Главниот туристички центар е Будва, но потоа следат Котор, Херцег Нови, Тиват, Бар и Улцињ. 

Бечичи, Будва

Во близина на Будва се наоѓа оваа плажа која се простира на четири километри. Таа е наградена со сино знаме за квалитет и чиста вода.

Добра Вода

Оваа плажа се наоѓа меѓу Бар и Улцињ. Таа е долга околу 300 м, а се наоѓа на отворено море. Добра Вода е одлична за семејства со деца. Поради поволната клима се препорачува и за оние кои имат проблеми со дишните патишта. Особено е позната по залезот на сонцето.

Свети Стефан

Ова мало островче се наоѓа во делот на ривиерата на Будва, а познато е по своите мирни плажи, кристално чисто море и опојниот мирис на боровата шума. Најубавата плажа се нарекува Kraljicina plaza, која го добила своето име по кралицата Марија Караѓоргевиќ, која уживала во нејзината убавина и на која и била омилено место.

Јаз, Будва

Ова е една од најубавите плажи во Црна Гора, но и една од трите најголеми. Се наоѓа во општината Будва,  на 2.5 километри од самиот град. 

Лучица, Петровац

Ова е преубава скриена плажа која е сместена на заливот Трашт, недалеку од Петровац. Околу неа можете да видите прекрасни карпи и борова шума. Идеална е за оние кои бараат приватност и мирен одмор. 

Валданос, Улцињ

Ова е уште една полускриена плажа која се наоѓа во близина на Улцињ, а околу себе е опкружена со маслинки и борова шума. Идеална е за оние кои сакаат да ја избегнат гужвата и да уживаат во природата.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds