Сонце, море и топол песок под вашите нозе – дали постои подобар рецепт за среќа од одењето во Тајланд?

Тајланд, егзотична и возбудлива земја сместена во Југоисточна Азија, привлекува бројни посетители и авантуристи од целиот свет. Позната и како земја на илјада насмевки, поради секогаш насмеаните жители, таа е исполнета со најразновидни и најшарени вкусови, мириси, бои и чувства, кои засекогаш остануваат врежани во срцата на секој што ја посетува.

Тајланѓаните се исклучително горди на својата кујна, во која вешто комбинираат вистинско богатство од свежи состојки од врвен квалитет и ароматични зачини, поради што се смета за една од најпопуларните и најпочитуваните кујни во светот.

Покрај гастрономијата, Тајланд е познат и по своето богато културно наследство и историја, својот возбудлив главен град Бангкок, прекрасните храмови и бујната вегетација.

Но, Тајланд крие и магичен бисер, попознат како Краби. Прекрасни песочни плажи, кристално чисто море со речиси нереална сина боја, огромни пространства од палми и преслатки животни на секој чекор – сцените се типични за Краби, покраина која со право го носи епитетот тајландски рај.

Тука се островите Фи Фи, кои добија светска слава со филмот „Зал“. За сите авантуристи, Краби нуди уникатно искуство за истражување на внатрешноста на џунглата, посета на национални и природни паркови, нуркање со тропски риби, кајакарење низ мангровата шума, релаксирачка тајландска масажа, пливање во лековитиот смарагден базен во средината на џунглата и многу, многу повеќе. Навистина е рај на земјата.
wish.hr



