Со добро планирање и обиколка на Алжир, посетата на оваа северноафриканска земја ќе биде многу исплатлива.
Најголемата земја во Африка, прекрасниот Алжир, се наоѓа на север од Црниот континент. Се граничи со Средоземното Море, Тунис на североисток, Либија на исток, Нигер на југоисток, Мали и Мавританија на југозапад и Мароко и Западна Сахара на запад. Зафаќа 2,38 милиони квадратни километри, од кои 90 проценти е најголемата пустина во светот – Сахара.
Алжир е дом на околу 33 милиони жители, кои зборуваат 17 различни јазици и најчесто живеат по должината на брегот на Средоземното Море. Затоа не е изненадувачки што главниот град и неговото најголемо пристаниште – Алжир – се наоѓаат на западниот брег на ова море. Алжир е град богат со култура и почетна точка за секој сериозен турист, а патниците уживаат и во посетата на градовите Оран и Константин.
Алжирската кујна е прекрасна мешавина од медитерански и африкански вкусови. Локалните жители и туристите уживаат во кускус измешан со разни сосови од месо и зеленчук. Ќебапите, разните манџи и месните супи се популарни, а дефинитивно треба да го пробате лебот Туарез (тагела) направен на отворен оган во пустината.
Консумирањето алкохол е забрането во Алжир, иако земјата произведува сопствено вино и пиво. Сепак, сè уште можете да го пробате на некои места – како што се западните хотели и ресторани. Можете исто така да се освежите со кафе и чај од нане – омилениот пијалок на сите Алжирци.
Знаметоци и туристички атракции во Алжир:
Истражување на Сахара
Седнете на камила и истражете ги сите тајни на пустината Сахара. Почетна точка? Националниот парк Тасил н’Аџер, кој е под заштита на УНЕСКО. Дали ви се спие во хотел со милион ѕвезди? Кампувајте под отворено небо во градот Таманрасет, кој се наоѓа длабоко во пустината Сахара. Обавезно посетете го Гранд Ерг Ориентал или Големото Море од песочни дини! Тоа е прекрасна (и сува) грандиозна област (600 км x 200 км) која претежно се протега низ оваа земја.
Казба
Во главниот град на Алжир, дефинитивно треба да го посетите утврдениот стар дел од градот (казба) кој датира од 17 век. Тука можете да ги видите остатоците од отоманските палати, традиционалните куќи, амамите (турските бањи) и многу џамии. Во центарот на Алжир доминира и Макам ел-Шахид – споменик на мачениците од алжирската војна за независност.
Адреналинско изненадување
Авантуристите дефинитивно ќе го посетат градот Константин на североистокот од земјата. Овој град изненадува со драматични клисури во самиот центар, но и со прекрасни мостови што го поврзуваат во една целина. Тој е совршена сцена за банџи-џампинг!
Ноќен живот
Туристите кои бараат добро забавување ќе го изберат северозападниот крајбрежен град Оран. Со оглед на тоа што неговата крајбрежна линија е моделирана според францускиот град Ница, не е изненадувачки што тука ќе најдете голем број ресторани, кафулиња и клубови кои гарантираат незаборавно време.
Пустинска архитектура и археолошки локалитети
Во сахарскиот дел на Алжир, поточно на висорамнината М’заб, истражете ја неверојатната колекција на пустински тврдини-градови кои се ставени под заштита на УНЕСКО. Ако сакате да видите како изгледаат урнатините на древниот римски град Тимгад, упатете се кон североистокот на земјата, во близина на Батна.
wish.hr