Аквариумот „Си лајф“ во Њу Џерси, една од најпопуларните атракции за туристите

Аквариумот „Си лајф“, лоциран во трговскиот и забавен комплекс „Aмерикан дрим“ во Њу Џерси, останува една од најпопуларните атракции за семејствата и туристите, нудејќи фасцинантен увид во подводниот свет, јавува Анадолу.

Просторот се издвојува со подводен тунел од 180 степени, интерактивни резервоари и повеќе од 3.000 морски суштества, меѓу кои има ајкули, раи, медузи и тропски риби.

Посетителите од сите возрасти имаат можност да доживеат блиска средба со морскиот живот преку едукативни и визуелно привлечни поставки.

Сместен во еден од најголемите трговски центри во САД, аквариумот е дел од поширокото искуство што го нуди „Американ дрим“ – комплекс што комбинира шопинг, рекреација и забава.

Извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds