Оддалечено само 2 километри од Струга на патниот прваец кон Дебар се наоѓа селото Враништа. Тоа претставува живописно место кое речиси како да е поделено на два дела со патниот прваец кој се приотега низ него. Враништани се гостопримливи и горди на своето место каде се наоѓаат , исполнети со бројни настани во текот на целата година, како и бројни цркви кои се наоѓаат во атарот на селото.

Деновиве Враништа го прославуваше својот заштитник Светиот маченик Талалеј, каде пред еден месец започнаа подготовките со старот на познатиот фудбалски турнир кој се одржуваше во Враништа и кој привлече внимание од пошироките краеви од каде што и имаше пријавени екипи. Полигонот во центарот на Враништа беше во знакот на спортските случувања во речиси сите турнирски вечерни денови.

Секако и домаќинките се подготвуваа за славата, околу домашните редовни подготовки како и спремањето на празничната трпеза, се до предвечерието на празникот , 2 јуни кога ја преполнаа централната црква Свети Никола со лебовите и пченицата кои ги принесоа во знак и почит на светиот Талалеј.

Глетката беше восхитувачка, нешто што треба да се доживее, настан кој се случува само еднаш во годината. Вака храмот Св. Никола во Враништа изгледа токму само на Св. Талалеј, каде буквално секоја домаќинка доаѓа во црквата со лепчето и пченицата , да бидат отпеани од свештеникот и да го донесат дома пред семејстовто целиот благослов.
На денот на Светиот маченик Талалеј Враништа е најпосетувано. Гостите дополнително ја прават целокупната атмосфера на раздвиженост а кулминацијата е Турнирот во Враништа каде се одигрува последниот финален натпревар.

Враништани се горди на своето постоење, на бројните цркви кои се распорстранети низ Враништа а тие како верни чјувари на духот и традицијата сето тоа успеваат умешно да го негуваат и остават во наследство на своите поколенија.

patuvanja.mk