Египетскиот музеј во срцето на Каиро продолжува да привлекува голем број посетители што покажуваат интерес за богатото културно наследство од древните цивилизации, јавува Анадолу.
Музејот е исполнет со домашни и странски туристи што доаѓаат да ги видат уникатните експонати, меѓу кои има статуи и саркофази, како и богатствата на познатиот Тутанкамон од фараонската ера.
Египетскиот музеј, кој е основан во 1902 година, е еден од најзначајните светски центри за зачувување на древното египетско наследство.
Со илјадници артефакти, тој нуди уникатен увид во историјата, религијата и секојдневниот живот на древните Египќани.