Лисабонскиот океанариум – дом на 16.000 морски суштества, меѓу најпосетените атракции во Европа

Посетителите на Лисабон, Португалија, имаат можност да уживаат во ретка подводна глетка во вториот најголем океанариум во Европа – Лисабонскиот океанариум (Oceanário de Lisboa), кој е дом на околу 16.000 морски суштества од 450 различни видови, јавува Анадолу.

Океанариумот е отворен во 1998 година како дел од Светскиот саем Експо ’98, и располага со централен резервоар со капацитет од 5 милиони литри вода.

Во него живеат различни морски видови како ајкули, пингвини и тропски риби, кои посетителите ги набљудуваат одблиску преку панорамски стакла што го опкружуваат просторот.

Објектот е меѓу најпосетените атракции во Европа, привлекувајќи голем интерес кај локалните и странските туристи во текот на целата година.

извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds