Недалеку од градот Струга, се наоѓа селото Калишта. Простор распространет крај езерската шир на Охридското езеро. Патеката која води од Струга кон Калишта како и локалниот пат наменет за автомобили ве водат право до манастирот на Пресвета Богородица.

Ова место е убаво уредено со неколку угостителски тераси кои од својата понуда на прво место ја фаморизираат рибината чорба, која претставува на некој начин заштитен бренд на Калишта.
Од оваа тераса местото е магично, погледот застанува и окото не посакува да трепка туку само да се предаде на мирниот простор и езерската шир, погледнувајќи го секое движење на живиот свет кој вирее во него.
На површината се гледа и жолтиот локвањ, кој е специфичен со својот опстанок во Охридското езеро и вирее само на одредени места. Тука како да го пронашол својот рај, го има во безброј листови кои сега во пролетниот период се обновуваат и излегуваат над површината од водата и лебдат како да пливаат по неа, а долу во подводниот свет се гледат големите негови корени.
Од двете страни погледот го задржуваат и кајчињата кои се гледа дека се рибарски, дека со нив се уловила рибата која се сервира во чорбата и на некој начин се е автентично само по себе.

Овде буквално може да уживате и да се рекреирате со сите сетила, бидејќи како што кажал и Димитар Миладинов, “природата со сета раскош се раширила“ во легендарната „Т’га за југ“. Е токму овде навира во потсвеста оваа поема и срцето се полни со сила, душата со убавина а очите неможе да престанат да го гледаат овој Божји раскош.
patuvanja.mk