Резерватот Масаи Мара во Кенија – дом на десетици видови диви животни

Националниот резерват Масаи Мара во Кенија, кој се наоѓа на границата со Танзанија, е природно живеалиште и дом на десетици видови диви животни, како што се лавови, леопарди, гепарди, слонови, жирафи, зебри и антилопи, известува Анадолу.

❮❯

Секоја година милиони диви животни мигрираат од Националниот парк Серенгети во Танзанија кон нивното природно живеалиште во регионот Масаи Мара, кое се наоѓа во границите на Кенија.

Кога ќе започне сушата, милиони животни што престојуваат во Кенија извесен период, се враќаат во рамнините Серенгети во Танзанија.

Оваа миграција, која се повторува стотици години, се случува секоја година.

Масаи Мара е една од заштитените подрачја за диви животни во Африка со површина од 1.510 квадратни километри.

извор:АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds