Овојпат патот не однесе во едно мало пармантно место крај Јадранската шир во Хрватска, општината позната како Трибуњ. Се наоѓа помеѓу местата Тисно од едната страна и Водице од другата страна или поточно кажано на само 15тина кулометри од Шибеник.

Со скрснување од десната страна од популарната Јадранска магистрала патот ве носи кон планински предел каде полека започнувате да се спуштате и пред вас се отвара една неповторлива природа и пејсажни слики низ кои се гледа и тиркизното Јадранско море. Полека навлегувате во општината Трибуњ, низ тесните улички секоја средена засебно и густо збиените куќи.

Автентичната слика на преполни куќи и тесни улички е совршено надополнета со прекрасниот поглед на Луковњак и Логорун, двата острова на архипелагот Трибуњ сместени спроти старото полуостровско јадро, а останатите два, Пришњак и Совљак, лоцирани позападно во правец на населбата Совље.

Иако во последните децении се сврте кон туризмот, Трибуњ сè уште е познат по својот риболов и маслинарството, двата главни економски сектори кои го одржуваа локалното население. Според последниот попис од 2011 година, Трибуњ има 578 домаќинства со вкупно 1.526 постојани жители.

Пристигнавме во центарот на оваа општина и тука веднаш простор за паркинг, детско игралиште и почеток на морскиот кеј. Низ прошетката која беше посебна имаше што да се види. Огромна марина која беше преполна со јахти, глисери и други пловни објекти кои беа закотвени и речиси заспани досега во изминатиот зимски период, а сега со почеток на се потоплите денови на оваа ривиера, заживуваат и тие. Најмалку овие јахти и глисери се со сопственици од Трибуњ, напротив нинвите сопственици се странци од соседните држави на Хрватска кои доаѓаат и буквално уживаат во убавините на ова мало шармантно место.

Во обиколката која навистина е прекрасна се упативме кон крајбрежјето кое водеше преку еден камен мост, кој всушност го поврзува градот со другиот дел кој се наоѓа во морската шир. А тука веќе се гледаше друга приказна. Предел кој е жив, исполнет со кафулиња и ресторани , едноставно место одредено за уживање, а кое беше речиси полно за време на нашата обиколка. Овде слободно може да се каже дека сезоната е веќе започната, гостите ги има но недостасува уште да се затопли морето и да започне сезоаната на капење, иако тоа веќе го имаше на спротивната страна од делот каде се протегаат плажите во Трибуњ.
Низ разгледот на овој дел од Трибуњ, беше и еден стар модел на мерцедес кој од задниот дел видовме дека е наменет на венчавки, бидејќи пишеше „младенци“. По обиколката на ова место од задната страна започнува марината која е голема и го одзема здивот со она што го голедате во неа.

Она што може да се истакне е дека повеќето кафулиња кои се низ општината Тирбуњ во својот состав имаат и детски паркови со цел занимација на најмладите додека родителите уживаат во кафето. Но само еден детски парк кој се наоѓа веднаш до паркингот во центарот на Трибуњ остава длабок впечаток. На самиот крај од паркот поставено е и литературно сандаче, место каде децата оставаат и позајмуваат книги за читање. Доста креативна идеја која им дава повод на младите од најрана возраст да посегнат по најскапоценото -книгата.


По разгледот на градот од едната страна , се упативме кон плажите, каде е означено со посебна табла која води до самото место. Плажите се слика сами по себе. Посебно уреден простор без притоа да се наруши автентичноста на каменото крајбрежје на Јадранот. Долги крајбрежни места каде на некои делови има и шанкови кои работат во летниот период и ривиера која е исполнета со голем број апартмани кои се нуадат од почетокот на месец април па се до крајот на месец октомври.

Тука можеме со право да кажеме дека веќе сезоната започнува,бидејќи на 1 мај кога ние го посетивме ова место темепратурата на воздухот беше 28 степени, а спорет најавите следуваат уште такви топли денови, единствено што мештаните во Трибуњ може да очекуваат се само гостите кои веќе го планираат својот одмор овде во ова беспрекорно шармантно место во Јадранот.







patuvanja.mk