Портофино – Бисерот на италијанската ривиера блеска во боите на пролетта

Малото приморско гратче Портофино, сместено во регионот Лигурија на северот на Италија, блеска во полн сјај, пречекувајќи илјадници туристи кои уживаат во неговата природна убавина и шармантна архитектура, јавува Анадолу.

Гратчето е опкружено со туристички бродови и луксузни јахти, додека се издвојува со своите живописни куќи, зеленилото кое се прелева по ридовите и смарагдно зелените води на Лигурското Море.

Портофино е препознатливо по своите обоени фасади кои го красат заливот, во кој се вкотвени јахти, но и неколку традиционални рибарски чамци.

Кристално чистите води на Портофино нудат идеални услови за пливање, нуркање и возење со чамци.

Посетителите кои претпочитаат копнени авантури можат да уживаат и во пешачење низ бројните патеки што водат до панорамски точки од кои се отвора поглед кон морето.

Портофино денес претставува една од најпосетуваните дестинации на италијанската ривиера и важи за едно од најромантичните места во земјата, комбинирајќи природна убавина, културно наследство и модерен луксуз.

извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds