Неделно сончево утро во хрватскиот град Бенковац. Велигденски почеток на еден голем и убав празник. Секоја домаќинка подготвена со кошничката во раце тргнува кон големиот храм од СПЦ посветен на раѓањето на Св. Јован кој се наоѓа на најгорната страна од градот Бенковац.

Секоја кошница подготвена со велигденски јајца, месено благо лепче и сирење, традиција и обичај кој се негува долги години кај србите кои живета во голем број ов овој дел на Хрватска.

Црквата препролна со верници, а службата започна во 9 часот по што следуваше и света причест но и благословување на донесените кошнички од страна на сите посетители на црквата.

Веднаш потоа свештеникот Бојан Савиќ подели света нафора и јајце за секој посетител, каде најрадосни беа децата.

По завршнеиот официјален дел од Светата Литургија, следуваше дружба во трпезарискиот ден на црквата каде тука верниците се собираат при сите големи празници и ги прославуваат.
Историските податоци покажуваат дека православната црква во Бенковац била изградена на местото на поранешна православна црква што постоела овде во 16 век. Црквата во Бенковац, посветена на Свети Јован Крстител, ја изградил Вид Караќа во 1590 година, за време на владеењето на митрополитот Аксентије.

Неговиот оригинален изглед е донекаде познат благодарение на катастарскиот план, на кој е прикажан како издолжена градба со правоаголна апсида на исток и изразена нартекс на запад, најверојатно настаната при реновирањето во почетокот на 18 век. Сегашната црква, со истата посвета, била изградена на местото на претходната од 1885 година.

Во последната војна храмот Бенковац не претрпел значителни оштетувања, но кровната конструкција била прилично дотраена, па се прават напори храмот да се врати во првобитниот сјај.
patuvanja.mk