Дали планирате одмор во Грција? Воведени строги правила, високи казни или пет месеци затвор

Од 1 април 2025 година во Грција стапија на сила правилата на т.н. „тивки часови“.

Истите се применуваат секоја година во текот на летната сезона, па така сите туристи кои планираат патување во оваа држава, треба да се запознаени со истите и строго да ги применуваат.

Тие ќе траат до 30 септември, а оние кои нема да ги почитуваат можат да заработат сериозна казна.

ЈАВЕН МОЛК:

Според полициската регулатива 3/1996, часовите на тишина во текот на летната сезона се следните:

– Попладне јавна тишина: 15:00 до 17:30 часот
– Ноќна јавна тишина: 23:00 до 07:00 часот

Во зимската сезона пак, исто така има повеќечасовен јавен молк, и истиот се применува од 1 октомври до 1 април.

– Попладневна тишина: 15:30 до 17:30 часот
– Ноќна тишина: од 22:00 до 07:30 часот

Што никако не смеете да правите во овие часови:

  • Задачи или други активности кои предизвикуваат бучава. Исклучоци се дозволени само во итни случаи, со посебна дозвола од командирот на локалната полициска станица, особено за комунални работи.
  • Работење и користење на музички инструменти, радија, магнетофони или телевизиски апарати со голема јачина, како и гласно танцување и кој било друг бучен настан во резиденции или приватни места.
  • Пеење
  • Викање
  • Користење на музички инструменти на јавни места како што се улици, плоштади и транспортни средства.
  • Гласни игри во кафулиња, сали за танцување или други јавни центри, како и интензивни дискусии.
  • Бучни дискусии и расправии на автобуските постојки, утовар и истовар на стоки и бучна работа на моторите на возилата во мирување.
  • Употреба на сирени или други звучни безбедносни системи без итен случај, вклучувајќи го и нивното пробно работење.

Што се однесува до туристите, најважно е да знаат дека во овие „тивки часови“ не смеат да прават врева во становите, бидејќи ако некој ги пријави може да плати казна.

Со оглед на неодамнешните измени во Кривичниот законик, нарушувањето на јавниот ред и мир предвидува строги казни па така:

– Затвор до пет месеци
– Висока парична казна

Како што е објаснето, спроведувањето на мирните часови е важна мерка за обезбедување на квалитетен живот на граѓаните, особено во летните месеци, кога се зголемуваат активностите на отворено, а прозорците често се оставаат отворени.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds