Стариот град на Талин, главен град на Естонија, со зачуваната историска структура ги носи посетителите на волшебно патување низ средниот век, известува Андолу.
Со замокот, камените улици, готските цркви и шарените трговски куќи стариот град, најневеројатната област на Талин, успева и денес да ја долови атмосферата од средниот век.
Стариот град претставува исклучително недопрена урбанистичка градба од 13 век. Во 1997 година ова подрачје е ставено на листата на светско наследство на УНЕСКО.