Цветот на црешата е предвесник на пролетта, симбол на совршена убавина и неисцрпна инспирација на уметниците во земјата на изгрејсонцето, егзотичната Јапонија.

Најобожаваното растение во Јапонија е цветот на црешата, кој секоја година ги отвора своите ливчиња кон крајот на март и почетокот на април и станува главна тема на разговор. Јапонските уметници посветија илјадници песни и слики на цветот на црешата (сакура), а во негова чест се организираат голем број пролетни фестивали.

Гледањето на цветовите на црешата (ханами) е сеприсутен јапонски обичај во кој се вклучени сите генерации, а децата уште од првите денови се учат дека посебно внимание се посветува на цутот на црешата во пролет.
Првите цвеќиња обично се појавуваат на островот Кјушу, а потоа се шират североисточно до остатокот од земјата. Метеоролошките служби и медиумите будно ја следат состојбата, за цела нација да ужива во врвот на цветањето.

Повеќето Јапонци потоа одат во паркови со членовите на семејството, пријателите или деловните колеги, седат на душеци под овие прекрасни дрвја и се восхитуваат на нејзината убавина. Овој ритуал вклучува и пеење специјални песни и уживање во традиционалните гастрономски деликатеси.
Во Јапонија растат околу петнаесет видови на цреши, кои според некои проценки сочинуваат половина од сите засадени дрвја во земјата. Интересно е да се запамети дека повеќето од овие видови не даваат плод, па дрвјата главно имаат естетска функција. Во пролетта, кога розовите цветови од цреша почнуваат да се отвораат, тие навистина создаваат магична слика.

За Јапонците, нежните цветови на црешата се симбол на убавината и совршенството, но и на минливоста на животот, бидејќи паѓаат од круната по само две недели. Тие, исто така, одиграа значајна улога во животот на самураите, кои ја идентификуваа нејзината кршливост со нивниот повик и судбина за која мора да се подготват.
Гледањето на цветовите на црешата датира од 8 век, односно периодот Хејан – кога во него уживале главно побогатите Јапонци.

Денес, овој обичај не е исклучиво фокусиран на Јапонија, туку го практикуваат и жителите на Кина, Северна Кореја, Австралија, Турција, САД и Канада – во зависност од географската локација и времето на цветање во тие земји.
wish.hr