(ВИДЕО) Ски центар Нижеполе, место каде битолчани „полнат батерии“ во зима

Место кое е најпосетувано од битолчани во текот на овој период од годината е дефинитивно Нижеполе. Сместено на паднините на Баба Планина во  непосредна близина на Битола, овој посебен раскошен простор изболува со преголема позитивна енергија, каде секој посетител ја понесува со себе и впечаток кој остава голема трага. Доколку овој простор е под снег, е тогаш се оддава уште поголема енергија, храна од која се исполнува душата, одмор и спокој за очите целата белина која во зима ја има само тука.

Битолчани се тука речиси секој ден, ова место покрај тоа што е најпосетувано во зимските викенди, посетувано е и во текот на секој ден, особено со најмладите кои доаѓаат тука заедно со дедото и бабата во прошетка.

Чистиот воздух кој ги полни градите прави да почуствувате свежина во вашите бели дробови, сонцето дополнително ве обзема со своите здаци каде ви надоаѓа една посебна топлина која се рефлектира од снегот, а белината и целиот простор ви ја исполнуваат целата суета, како психички така и физички.

Секако тука направени се и посебни места за одмор, видиковци и маси за пикник во пролетните денови , како и дел подготвен за припрема на скара.

Ниже Поле ски центарот е сместен над селото Ниже Поле на падините на Баба Планина на надморска висина од 1.300 – 1.610 m н.в. Од Битола до ски центарот Ниже Поле води асфалтен пат со должина од 15 km.

Ски центарот располага со три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.

Вообичаено ски сезоната започнува од почетокот на месец декември и трае до крајот на месец март.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нижеполе имало 2.030 жители, од кои 1.590 Власи, 250 Албанци христијани и 190 Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Нижеполе имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 780 Власи патријаршисти и функционираат грчко и влашко училиште.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нижополе се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 212 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Власи, 100 Македонци, 100 Албанци и 50 Грци.

Нижеполе е средно по големина село, коешто во 1961 година има 577 жители, од кои 123 Македонци, 118 Албанци и 336 останати. Во 1994 година бројот се намалил на 231 жител, од кои 51 се од македонско население и 121 од влашко население, потоа 51 Албанец, 4 Турци и само двајца други.

Според пописот од 2002 година, селото Нижеполе броело 186 жители, од кои:[8] 47 Македонци, 30 Албанци, 4 Турци и 105 Власи.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 21 Македонец, 12 Албанци, 4 Турци, 77 Власи, 5 останати и 6 лица без податоци.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds