Денеска на големиот верски празник Богојавление Водици, за прв пат светото крштевање на Крстот се изведе и во Карин, Република Хрватска. Имено од страна на свештени лица од Епархијата Равни котари, која е под водство на Српската православна црква се изведе светиот чин на положување на Светиот крст во водите на Јадранското море.
За настанот беа пријавени околу 30тина млади момчиња меѓу кои и од Македонија кои имаа прилично тешка задача, да допливаат на прилично големо растојание до светиот крст.
Претходно во сите епархиски православни цркви во Далмација се одржа утринска Света Литургија на која присуствуваа голем број верници од српската заедница, а притоа имаше и Света причест и се крштеваше вода.
Настанот кој беше најавен во месноста Карин се одржа во 13 часот, каде присусвуваа голем број верници а најхрабрите, момчињата издржаа до крај и се обидоа да допливаат до Светиот Крст. Помеѓу големиот број срби кои беа пријавени за пливаче по Светиот крст имаше и македонци кои влегоа во водите по Светиот Крст.
Ова е прв ваков настан кој се организира од страна на Православните вреници кои живеат во Хрватска и се надеваат дека од година во година ќе прерасне во традиција која ќе биде се побројна.