Топ 7 дестинации за зимски одмор

Дали сакате да го поминете вашиот зимски одмор на сонце во тропските предели? Ова се најдобрите топли дестинации кои ќе ви донесат многу сонце додека овде температурите се во минус…

Повеќето луѓе избираат да ги поминат овие студени зимски денови во земји кои нудат богати капацитети на снежната покривка. Меѓутоа, доколку сте од оние кои повеќе би сакале да ја прескокнат зимата и да патуваат во топли предели, ви ги нудиме 7-те најдобри топли дестинации за зимски одмор.

Малдиви

Островската држава во Индискиот Океан е најскапата, но и најбарана дестинација. Врвот на сезоната на Малдивите е во февруари и март, кога има најмногу сончево време, а тогаш најдобро се чувствува атмосферата на бели песочни плажи, сина лагуна, нуркање, пливање и еколошки луксуз.

Ангвила

Островот на Мали Антили на Карибите е ексклузивно место за одмор. Доколку сакате да ги видите најубавите плажи на Карибите, да се опуштите со гурманските ресторани и добрата забава и тиркизното море, Анвгила е вистинското место за зимски одмор, кога температурите се движат околу 27°C.

Дубаи

Меѓу најбараните егзотични дестинации во зимските месеци е Дубаи, место каде што можете да одите на скијање во трговски центар или да го почувствувате врелиот песок под нозете во истиот ден.

Во зима температурата во Дубаи е околу 23°C, што го прави овој туристички рај, со својата богата понуда на ресторани, погоден за сите оние кои копнеат за сонце и во студените месеци.

Тајланд

Познатата тајландска кујна, плажите и џунглите се дел од поволностите што ги нуди оваа земја. Доколку се одлучите да го посетите Тајланд, најмногу што ќе платите е авионската карта, додека нема да треба да ги празните паричниците кога ќе стигнете таму.

Тајланд во зимските месеци им нуди посебна атмосфера на своите посетители, а ТУКА, подолу, погледнете неколку прекрасни места во далечниот Тајланд кои би можеле да ве привлечат кога го планирате вашиот одмор!

Мароко

Покрај сончевите денови, Мароко привлекува туристи и со пристапни цени. Во овој период од годината времето е претежно суво, а температурата се движи околу 20°C. Песочни дини, зелени оази, планински снежни врвови, раскошни палати и сафари со џипови се само дел од она што можете да го видите и пробате во оваа северозападна африканска земја.

Куба

Земја создадена за авантуристи е Куба, најпосетувана од декември до февруари, кога времето е суво со ретки врнежи, а температурите се движат од 15 до 30 °C.

Куба на своите посетители им нуди хотели на плажа, топли мориња, најдобрите пури во светот и музика и танцување заедно со богат ноќен живот.

Мајами

Место каде што можете да уживате на песочните плажи или да одите на кафе е Мајами, кој е избран за најсекси град во САД. Топли зими, коктели, врвни ресторани и ноќни клубови, арт-деко архитектура – сето тоа можете да го најдете на едно место, во луксузниот Мајами.

wish.hr

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds