Во Амстердам отворена најголемата изложба на скулптури од мраз во Европа

Во Амстердам, Холандија, е отворена најголемата изложба на скулптури од мраз во Европа, „Уметност под нулата“ (ART BELOW ZERO), јавува Анадолу.

Повеќе од 350.000 килограми мраз, односно околу 500 тони, се претворени во 135 скулптури во природна големина, што се дела на реномирани уметници од целиот свет.

Изложбата ја одбележува богатата историја на Амстердам, при што секоја скулптура претставува дел од културното наследство на градот.

Оваа уникатна зимска атракција привлекува илјадници посетители и ја позиционира холандската престолнина како центар на уметноста и креативноста во зимскиот период.

Настанот е еден од најзначајните моменти на зимската сезона во Амстердам, нудејќи исклучително визуелно и културно доживување за домашните и странските посетители.

извор:Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds