Претпразнична атмосфера во Париз, божиќен базар на Плас де ла Конкорд

 Париз, главниот град на Франција, познат како град на светлината и љубовта, започна со подготовките за божиќните и новогодишните празници, јавува Анадолу.

Традиционалниот божиќен базар, кој обично се одржува на плоштадот пред Градското собрание, годинава е преместен на познатиот плоштад Плас де ла Конкорд (Плоштад на слогата).

Во период од 14 декември до 5 јануари посетителите ќе можат да уживаат во еден од најубавите божиќни базари во Европа.

Новата локација, која се наоѓа меѓу градината Туилери и авенијата Шанзелизе, овозможува уште поубава празнична атмосфера за сите љубители на божиќните традиции.

Декоративните елементи, вклучително дрвени фигурини и урбана шума дизајнирана од градските служби, даваат дополнителна магија.

Фонтаните на Плас де ла Конкорд, како и обелискот од Луксор, блескаат во сина боја, а светилките на Шанзелизе и блискиот божиќен базар во Туилери дополнително го зголемуваат празничниот дух.

извор: Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds