Анталија, омилената туристичка атракција во Туркије, продолжува да биде меѓу најомилените дестинации за туристите низ светот, јавува Анадолу.
Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, бројот на туристи кои ја посетиле Анталија во 11-те месеци годинава е зголемен за осум отсто во однос на истиот период лани и достигна 16,6 милиони.
Анталија само во ноември ја посетиле 474.654 туристи, што е зголемување за 17,21 отсто.
Германија со 138.197 го зазеде првото место меѓу земјите од кои пристигнале најмногу посетители во ноември.
Потоа следуваат Руската Федерација со 98.471 и Велика Британија со 52.500 посетители.
На листата на земји со најмногу посетители во ноември се и Полска, Украина, Литванија, Холандија, Казахстан, Белгија и Австрија.
– Податоци за 11 месеци –
Според податоците на Министерството за 11 месеци, Руската Федерација е прва по бројот на туристи со 3,8 милиони.
Германија е на второ место со 3,4 милиони, а Велика Британија е трета со 1,5 милиони посетители.
На листата на земји со најмногу посетители во првите 11 месеци се наоѓаат и Полска, Холандија, Казахстан, Романија, Украина, Чешка и Литванија.
– Медитеранскиот брег –
Поради својата исклучителна комбинација на природа, историја и култура, медитеранскиот брег на Туркије, попознат како Тиркизниот брег или Турска ривиера, привлекува милиони домашни и меѓународни посетители секоја година.
Позната низ светот по своите беспрекорни плажи, топлото сонце и тиркизното море, областа им нуди на туристите повеќе од тоа – речиси сите активности и искуства што ги очекувате од патувањето: од природната убавина на синото и зеленото, историските стари градови и згради, карактеристични кулинарски традиции до излети, од планинарење до нуркање.