Истанбулското езеро Теркос наесен, вистинска „гозба“ за очите

Во езерото Теркос во подрачјето на Арнавуткој, во Истанбул, Туркије, со настапувањето на есента, се менува бојата на зелените растенија, јавува Анадолу.

Езерото Теркос, едно од важните водни ресурси на градот, со промената на бојата на зелените растенија што се шират на површината на крајбрежните делови на езерото креира една визуелна сензација.

Имено, зелените растенија со доаѓањето на есента ја менуваат бојата во розова.

Погледот од воздух на езерото Теркос, со чамците кои пловат низ него и рибарите кои ловат риби, снимен со дрон, воодушевува со прекрасниот пејсаж на бои.

извор:Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds