Замокот Мон Сен-Мишел – Еден од највпечатливите симболи на Франција

Еден од најспектакуларните замоци во светот се наоѓа во францускиот регион Нормандија, јавува Анадолу.

Мон Сен-Мишел, култен симбол на Нормандија, е средновековен бисер што го отелотворува богатото наследство на регионот.

Оваа величествена опатија, која се наоѓа на врвот на карпестиот остров, претставува траен знак на духовната и културната историја на Франција.

Во 709 година Мон Сен-Мишел бил изграден како мала црква, а подоцна станал влијателен манастир и значаен центар на христијанското богослужение на западот во текот на 12 и 13 век.

Неговата историја и архитектура оставиле длабока трага, а во 1979 година Мон Сен-Мишел беше ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Ова место не е уникатно само по архитектурата и духовната важност, туку и по природниот феномен што го опкружува.

За време на прилив Мон Сен-Мишел се претвора во остров, создавајќи една од најимпресивните визуелни трансформации. Всушност, тоа е едно од местата каде што приливот е највидлив во светот, веднаш по Канада, сместено на бреговите на Ла Манш.

Мон Сен-Мишел е една од најпосетуваните туристички атракции во Франција надвор од Париз. Секоја година доаѓаат милиони посетители за да го видат ова извонредно дело на средновековната архитектура.

извор: Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds