Есенски рај – Националниот парк Једиѓолер обоен во зелено-кафеави тонови

Националниот парк Једиѓолер во Туркије познат како „Седум езера“ е едно од најубавите места за љубителите на природата, јавува Анадолу.

Паркот се наоѓа на надморска височина од 900 метри во областа Менген на север од областа Болу и јужно од Зонгулдак во црноморскиот западен регион.

Нашироко е познат по седумте езера формирани поради лизгање на земјиштето.

Оваа живописна локација, која се простира на преку 1.600 хектари, е прогласена за национален парк во 1965 година.

Паркот е познат по големото богатство на флора и фауна.

Посебната планинска атмосфера која опушта и оддалеченоста од градскиот метеж и загадениот воздух, но и ладната вода, се само мал дел од она што го нуди ова подрачје.

Многу посетители се одлучуваат за кампување, прошетка на езерата со чамци, а има и похрабри кои сакаат сами да се уверат во ниската температура на водата на езерото.

Националниот парк Једиѓолер е особено убав за посета во есен, кога природата се трансформира во живописен пејзаж.

Шумите, полни со различни видови дрвја, како буки, дабови, елки и лески, нудат спектакуларна комбинација од зелени и кафени тонови.

Оваа сезонска промена ги прави „Седумте езера“ совршена дестинација за љубителите на фотографијата и за оние што уживаат во есенските пејзажи.

Објективот на фоторепортерот на АА ги забележа најубавите есенски бои во овој парк.

извор: АНАДОЛИЈА

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds