Несекојдневниот хотел на работ на длабока вртача во турска Коња, атракција за љубопитните туристи

 Хотелот Обрук Кервансарај Музеј, кој се наоѓа веднаш до познатата вртача Кизорен во турската област Коња, длабока 145 метри, е повторно отворен за посетителите по неговата реставрација, јавува Анадолу.

Хотелот во подрачјето на Каратај во Коња, е едно од местата кое го претпочитаат како локалните, така и странските туристи.

Селџучкиот Каравансарај, изграден пред 800 години на 70-от километар од автопатот Коња-Аксарај, по реставрацијата од страна на Општина Каратај е претворен во хотел-музеј.

При реставрацијата, која траеше три години, зачувана е неговата оригинална текстура.

извор:Анадолија

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds