(ВИДЕО-ФОТО) Љубљана, градот на Прешерн и Јулија

Вечност вткаена во калдрма, постојан стил на естетика и градба, препознатлив токму за главниот град на Словенија, Љубљана.

Октомвриско свежо утро,полека се буди овој ранобуден словенечки град кој ја оддава сета своја позитивна енергија од својата внатрешност. Реката Љубљаница која тече низ главниот град само дополнително го прави утрото волшебно, дополнително му дава поттик за почеток на новиот ден да биде исполнет со многу позитивна сила. Калдрмата која е расппространета низ целиот центар оддава впечаток на едно минато време во кое се испреплетиле низа култури и цивилизации но сепак таа останала како сведок низ времето.

Се упатуваме од подземниот паркинг кој се портега буквално под сите овие знамениотсти кои ги гледаме , распослан на три нивоа со капацитет да собере околу 800 до 1000 возила. Стогиот центар е забранет за возила кои по одредена патека се насочуваат кон подземната гаража. Горе може да се види само електричниот воз кој постојано кружи со туристи во разглед на центарот и по некое електрично возило од комуналното претпријатие кое е задолжено за редот на хигиената. Отпадот строго се селектира и нема никакви расфрлани места каде би можело да се сретне отпад.

„Тромостовје“ е најпрепознатливото место над реката Љубљаница, каде на мал простор се преплетуваат три моста кои се во непосредна близина. Под мостовите има и пешачка патека која дава можност за поблиска средба со реката Љубљаница или пак можеби утрешно трчање покрај реката. Посебно е караткеристично што под речиси секој мост се наоѓа јавен тоалет од десната страна под мостото е женскиот а од левата машкиот тоалет.

Пред да се пристигне на „Тромостовје“ патеката води до „Прешерн Плоштадот“ . Посветен на најголемиот словенечки поет Франце Прешерн. Прешерн живеел во судир и со граѓанската и верската врхушка, како и со покраинската буржоазија во Љубљана. Тој развил тежок алкохолизам и се обидел да се самоубие во најмалку два наврати, соочен со одбивање и гледајќи како повеќето од неговите најблиски пријатели трагично умираат. Неговата лирска поезија се занимавала со љубовта кон својата татковина, со страдалното човештво, како и со неговата неостварена љубов кон неговата муза Јулија Примиц. Токму на овој плоштад од едната страна е поставена спомен биста на големиот Прешерн а до другата страна е Јулија, каде според кажувањата се свртени еден кон друг да се гледаат вечно како што и вечно се прераскажува нивната голема љубов во Љубљана.

Доколку се упатите подолу од „Тромостовје“ кон течението на Љубљаница, се протега уште еден стаклен мост, исполнет од двете страни со бројни катинари, според верувањето на сите заљубени кои поминале на овој мост и за заклучиле својата љубов во вечна.

Од левата страна на овој мост се наоѓаат бројни кафулиња и угостителски објекти изградени во посебна автентичност додека од десната страна се наоѓа пазарот каде покрај препознатливите тезги за овошје и зеленчук има и бројни тезги на кој се нудат сувенири и разни знаменитости од Словенија.

Навпечатлив е змејот, токму во „Змајскиот мост“ во Љубљана преку кој веќе се остварува сообраќајот од едниот до другиот дел на градот. Ова е првиот армиран-бетоснки мост кој бил изграден во 1819 година но оштетен во земјотресот во 1895година. Токму и сувенирите кои се продаваат во непосредна близина на мостот и пазарот се во облик на змеј, кој го симболизира постоењето на овој древно-вековен мост.

Околу горното течение на реката Љубљаница се распослани бројни кафулиња кои нудат широк избор на пијалоци, сладолед во летниот период но и угостителски објекти со своја спефицична понуда од словенечката кујна. Цените се високи со оглед на местото каде се наоѓаат но и понудата која ја имаат. Исто е и со брендираните бутици кои се наоѓаат во овој дел на градот. Околу строгиот центар кој е регулиран на најдобар можен начин во поглед на сообраќајните правила и прописи, слично е и останатиот дел од центарот на Љубљана. Низ видеото може да погледнете какви градби има низ овој град како и нови градби кои се штштуку изградени или некои се во почеток. Колку за информација метар квадратен во Љубљана за стамбен простор изнесува од 6 илјади евра па нагоре, зависно од локацијата која ве интересира.

Љубљана е посетувана од голем број туристи преку целата година, а најповеќе гости доаѓаат во месец декември со почетокот на Новогодишните настани кои се случуваат во овој град.

Културана на населението кое живее тука е посебна, можеби попримена од западот што би рекле. Секој за себе има самопочит, си ја знае вредноста и се вложува во напорите низ животот.

Доколку Ве носи патот кон овој вечен романтичен град неизоставно посететего бидејќи од него може да понесете само убави и трајни спомени.

patuvanja.mk

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds