На секои две години, Големиот плоштад во белгиската престолнина накратко се трансформира во море од цвеќиња.
Стотици илјади бегонии и далии го красат срцето на Брисел: тепихот со ефемерен сјај, кој секоја втора година се распостила на Големиот плоштад во средината на август, е долг 70 метри, а широк 24 метри. Неговата површина изнесува 1680 квадратни метри, а направен е од тим кој се состои од 100 градинари. Во 2024 година, мотото е „Модерна“ (Art Nouveau). Посетителите имаат најдобар поглед на ремек-делото од балконот на градското собрание.
DW