ОД АВАНТУРИТЕ НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ
За цена од 49 евра по лице, со неограничен пијалок и храна, наши читатели поминаа еден незаборавен ден на сафари во Сахара.
Забавата во пустината се состои од возење со АТВ ( четирицикли ) самостојно или во пар. Возењето низ песочните дини трае час и половина. Потоа следи трансфер со џипови во старо египетско село каде како пред векови на ист начин и денес тука постојано живеат луѓе и таму имате можност да го видите природниот феномен Фатаморгана како и највисокиот врв во тој дел на пустината кој е во форма на мaшка глава. Селаните од ова село покрај тоа што ќе ве пречекаат во нивните колиби, ќе ви организираат и кратка тура со јавање камили низ пустина. Потоа туристите се носат во ресторан кој е во пустината и каде имаат вечера и забава со традиционални танци која трае до зајдисонце.
Фото: Читател