Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција ДПА.

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса.

Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.

Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds