Споменици на културно-историското наследство на Западна Европа како туристичките атракции

Бројни знаменитости сведочат за богатото културно и историско наследство на западноевропските земји. Новинарите на Анадолу фотографираа некои од најпознатите споменици од тој регион, известува Анадолу.

Меѓу артефактите на германската култура секако спаѓа железничкиот мост Хоенцолерн кој ги поврзува бреговите на реката Рајна, убавицата што тече низ Келн.

Триумфалната капија во Париз е секако еден од најпознатите споменици во Европа и е неизбежна туристичка атракција во главниот град на Франција.

Париз изобилува со светски познати споменици од овој тип, а меѓу нив секако се и Ајфеловата кула, Базилика на Светото срце и Плоштадот на Републиката.

Меѓу најубавите туристички атракции во Западна Европа секако спаѓа и возењето со брод по каналите на Амстердам, посетата на плоштадот Дам и централната железничка станица во овој холандски град.

Секако дека тука може да се вклучи и погледот на ветерниците во регионот Зансе Шанс на северот од Амстердам.

Извор:Анадолу.

фото:Озген Бешли Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds