Пролетта во Памуккале е рај за туристите

Познатото туристичко место Памуккале во југозападна Туркије, недалеку од градот Денизли, во текот на целата година го привлекува вниманието на голем број туристи кои уживаат во убавините на тој локалитет, известува Анадолу.

Иако во текот на пролетта на овој локалитет е исклучително топло, слоевите од варовник и бигор на Памуккале привлекуваат многубројни туристи.

Памуккале, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, познато е по своите термални води богати со минерали, кои се слеваат низ белите травертински тераси.

На овој локалитет се наоѓаат 17 извори на вода со температура од 35 до 100 степени Целзиусови. Памуккале во превод буквално значи „Тврдина од памук“ и е едно од најимпресивните чуда на Туркије. Тврдите, бели депозити, гледани од далечина потсетуваат на снег.

Термалните води во Памуккале течат веќе 2.500 години.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds