Брегот е долг околу 300 километри и гарантира уживање на плажа по мерка на секој турист

Има и прекрасно уредени и организирани плажи, како и оние кои се карактеризираат како диви. Има и такви опкружени со вертикални карпи, како и оние со морски пештери

Уште во 15 век, кога португалските морнари од Алгарве тргнале на патување за да откријат нови територии, веројатно немале поим дека регионот ќе стане толку популарен.

Пријатната клима и изобилството сонце во текот на годината се секако некои од причините поради кои туристите од целиот свет го посетуваат Алгарве.

Очекувано, плажите се уште една причина за посета на овој португалски регион. Нереалните нијанси на сино на океанот, но и мноштвото заливи и интересни карпести формации, само ја надополнуваат атмосферата за време на вашиот престој во овој дел на Португалија.

Бројни активности за посетителите

Иако многу туристи често го посетуваат Алгарве токму поради плажите и пријатната клима, на располагање имаат и голем број многу интересни активности кои ќе им го направат престојот уште поинтересен. Разглед на градовите од овој регион, меѓу кои секако се издвојува главниот град Фаро, е само една од дополнителните активности наменети за туристите, доколку летуваат во матичниот дел на земјата.

Освен со одлични сместувачки капацитети и бројни угостителски објекти, како и објекти за други намени, Алгарве може да се пофали и со терени за голф, кои се меѓународно признати, наведува „Visitportugal“.

Благодарение на многубројните пешачки и велосипедски патеки, љубителите на овие активности можат да уживаат и во омилената забава во овој дел на Португалија. За љубителите на природата, кои сакаат подобро да го запознаат живиот свет на регионот, достапно е и пловење.

Плажи, плажи и повеќе плажи

Бидејќи брегот на овој португалски регион е долг околу триста километри, сосема е сигурно дека секој што ќе го посети Алгарве ќе има можност да најде плажа по свој вкус.

Има и прекрасно уредени и организирани плажи, како и оние кои се карактеризираат како диви. Има и такви опкружени со вертикални карпи, како и оние со морски пештери.

Покрај сето тоа, многу плажи во тој дел на Португалија се, според „Визиталгарве“, носители на значајна дистинкција – синото знаме, кое на ниво на Европската унија се доделува на плажи кои можат да задоволат строго дефинирани стандарди за квалитет.

telegraf.rs

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds