Барселона ја избришала автобуската линија од мапите на „Гугл“ за да го сокрие од туристите патот до паркот Гуел

Локалниот совет на Барселона ги убеди развивачите на некои од најпопуларните решенија за дигитално мапирање да ја сокријат автобуската рута заради туристите. Автобуската рута 116 од Барселона, која туристите често ја користат за да стигнат до паркот Гуел, исчезна од апликациите како Google и Apple Maps.

Ова се случи откако, под притисок на жителите на областа, локалните власти тоа го побараа од креаторите на апликации. Локалниот совет одби да потврди или демантира дека ги принудил мапите на „Гугл“ и „Епл“ да ја скратат автобуската рута, но портпаролот на „Гугл“ изјави дека таквата промена е направена само на барање на локалните власти, „Диги24. ro“, објавија. Каталонците кои го користат автобусот 116 се пожалија дека секогаш е преполн со туристи кои го носат до Парк Гуел, кој е втора најпопуларна атракција по црквата Саграда Фамилија.

– Во почетокот се смеевме на таа идеја – рече Цезар Санчез, локален активист и додаде: – Но, ние сме зачудени што оваа мерка беше толку ефикасна. Луз Лопез (75) изјави за „elDiario.es“, како што пренесува „Гардијан“:

– Претходно автобусот беше толку полн што луѓе со бастун не можеа да влезат.

Алберт Батл, заменик-градоначалник за безбедност и соживот во градскиот совет, рече дека, покрај подобрувањето на мобилноста околу паркот Гуел, „мораме да ги елиминираме референците за 116 на Интернет“.

Батл одби да признае или негира дека Советот побарал да се отстрани рутата, додека портпаролот на Гугл рече само дека нема да ја избрише автобуската рута освен ако Советот не го побара тоа. Санчез, кој осум години води кампања за советот да го реши проблемот, се пошегува:

– Следно што треба да направиме е да го отстраниме целиот парк Гуел од мапите.

telegraf.rs

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds