Сместен во југозападниот дел на Сенегал, „островот на школките (Ile aux coquillages) на своите посетители им нуди патување низ времето, јавува Анадолу.
Џоал Фадиут е мало гратче сместено на западниот брег на Сенегал, 120 километри јужно од Дакар, а поради својата уникатност и убавина претставува едно од најинтересните туристички дестинации во Африка.
Градот се состои од копнениот дел Џоал и рибарскиот остров Фадиут, кои се поврзани со дрвен мост долг 400 метри.
Речиси 40.000 жители на тој град главно се занимаваат со риболов и туризам, и иако христијаните го сочинуваат мнозинство, 90 отсто од популацијата, градот е познат по својата мултикултуралност и мултирелигиска солидарност.
За соживотот на различните култури и религии во Џоал Фадиут најдобро говорат и единствените гробишта во Африка каде што христијаните, муслиманите и припадниците на другите религии се закопуваат едни покрај други.
Островот Фадиут е единствен во светот и по тоа што е речиси целосно е покриен со школки, па затоа често го нарекуваат и „остров на школките“.
Вкусните школки се специјалитет на локалната кујна, а тврдиот оклоп од школките локалното население го користи како материјал за градење плочници, ѕидови, надгробни споменици и се останато.
Гратчето е и родното место на првиот сенегалски претседател по стекнувањето независност во 1960 година, Леополд Серад Сенгор.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.