Дали знаете дека до плажата со најсино море на светот се стига за само неколку часа со автомобил откај нас?
Испитувањето за тоа кои плажи во светот имаат најсини води, ги направи туристичка агенција од Лондон, CV Villas, со цел да им понуди на своите клиенти можност да ги видат најсините води во светот.
Истражувањето е направено преку неедитирани фотографии преземени од Google Maps од 200 плажи ширум светот, по што експертите употребиле алатка за боја, за да го пронајдат RGB кодот на секоја вода.
Потоа ова го споредиле со најсината нијанса на сино во светот за да утврдат на која локација водата има најблиско совпаѓање.
И иако сигурно ќе си помислите дека таа се наоѓа на Малдивите или Бора Бора, сепак, испитувањата покажале дека Плажата на огледалата (Pasqyra Beach), има најсина вода.
На листата од 10 плажи со најсина вода се наоѓаат дури 5 плажи во Грција, и тоа плажи кои се наоѓаат на Јонското Море.
Плажата на огледалата се наоѓа во близина на Саранда, Албанија, а од кај нас лесно се стигнува со автомобил.
Таа се наоѓа во мал залив и нема многу место за поставување лежалки, па се препорачува да одите порано.
Просечната температура на воздухот е меѓу 21°C и 25°C во април и мај, а во јуни, јули и август меѓу 30°C и 34°C.