Комплекс „Св. Софија“— археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува црква , гробовиутврдување од римско време, доцноантичко времеран среден век. Се наоѓа на јужниот простор меѓу двата рида, близу до езерото, меѓу денешните значајни улични комуникации во стариот дел на градот: „Илинденска “ и „Самоилова “ и „Коста Абраш “. Комплексот ги подразбира археолошките остатоци во рамките на катедралната цркваСв. Софија и нејзината непосредна околина од сите четири страни, вклучувајќи го главниот објект со архитектонски показатели од хронолошките фази – римска, доцноантичка и раносредновековна, и придружните објекти северно и јужно, гробни конструкции и остатоци од еден крак на охридската тврдина што е евидентиран југоисточно покрај црквата.
Ова е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток.
Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави.
Рана историја
Црквата Свeта Софија е подигната по големата мисија на Св. Кирил и Методиј врз темелите на стара сакрална градба. Најверојатно таа служела како катедрала уште во времето на цар Самуил, кој кон крајот на X век својата престолнина ја пренел од Преспа во Охрид. Според други извори пак, на истото место во времето на царот Самуил постоела црква, која од непознати причини била разурната. Времето на изградбата не може точно да се утврди, бидејќи не е зачуван ниту еден натпис што би упатувал на тоа. За денешната црква се споменува дека била изградена (или обновена) за време на архиепископот Лав, кој во времето од 1035 до 1056 година се наоѓал на престолот на црквата. Овој истакнат црковен поглавар станал ктитор на сликарската декорација на Света Софија.
Првобитно црквата имала само една главна купола, а во XIV век било изградено раскошното надоврешно предворје. По својата првобитна форма таа им припаѓала на трокорабни базилики со трансепт, купола и галерии на бочните бродови. Уште во XI век имала и припрата, а над северното и јужното одделение на олтарот биле формирани посебни капели.
Отоманска историја
Во втората половина на XV век црквата била претворена во џамија и тогаш биле извршени најголемите измени. Сите фрески биле покриени со вар, куполата на црквата е струшена и срамнета со покривот, додека пак старата олтарна мермерна преграда со пластична декорација била отстранета, и од мермерот во наосот кон југо-запад е подигнат мимбар, а над северозападните кубиња подигнати се минариња.
Кон средината на XIX век во Охрид престојувал истакнатиот руски славист Виктор Григорович. Епохално откритие на славистот Виктор Григорович било пронаоѓањето на ракописите на „Опширното житие“ за св. Климент Охридски од охридскиот архиепископ Теофилакт од XII век и на Краткото житие за св. Климент Охридски од архиепископот Димитриј Хоматијан од XIII век во охридската црква Св. Богородица Перивлепта.
Во текот на 1912 г. била користена како складиште за оружје.
Веднаш по Втората светска војна биле преземени мерки, овој споменик да се зачува од натамошно пропаѓање. Во 1949 година започнало чистењето на фреските, кои биле варосани од Османлиите. Истовремено било извршено и нивно копирање за изложбата „Средновековната уметност на народите на Југославија“ која се одржало во палатата Шајо во Париз.
Во текот на систематските работи со кои раководеле експертите на Заводот за заштита на спомениците на културата на Македонија, кои започнале во 1951 година, а завршиле по шест години, биле откриени сите фрески и истите заштитени од натамошно пропаѓање. Од јужниот ѕид биле симнувани според најновите конзерваторски методи што се применувале во Италија.
Денес ова монументално издание претставува основа на христијанството,место кое е најпосетувано од голем број туристи и незаменлив сегмент од културните настани на фестивалот Охридско лето.
marh.mk