Освен интересната гастрономска понуда, која често ги маѓепсува туристите од целиот свет, овој град нуди и уживање во лавиринтот на бројните улички во стариот центар на градот.
Синината на Лигурското Море, од едната и вертикалните карпи на Лигурските Апенини од другата, ја прават Џенова еден од најубавите италијански градови.
Бројните, добро сочувани палати и вили, кои во изминатите векови ги граделе богатите Џеновјани, и убаво уредените паркови, се само дел од атракциите кои Џенова несебично ги подарува на секој што ќе реши да ја посети. Освен интересната гастрономска понуда, која често ги маѓепсува туристите од целиот свет, овој град нуди и уживање во лавиринтот на бројните улички во центарот на стариот град, кој според „Italia.it“ е најголемиот историски центар на Европска почва.
Важно медитеранско пристаниште
Нешто помалку од седум века, од 11 до 18 век, Џенова била едно од најважните пристаништа на Медитеранот, но и една од најмоќните поморски држави на Стариот континент.
Пристаништето Џенова и денес е едно од најважните во тој дел од Европа.
Една од најстарите градски градби е војводската палата, која денес функционира како изложбен простор. Иако љубителите на историјата и уметноста остануваат фасцинирани од уште една од палатите, за тоа придонесува фактот што Кралската палата е дел од списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.
Во црквата Гезу се наоѓаат делата на бројни уметници кои живееле во Џенова и твореле за време на барокот, како што истакнува „Italia.it“.
Аквариум и необичен музеј
Аквариумот се споменува како една од најпознатите атракции на овој италијански град. Исто така е една од најпосетуваните локации во градот. Покрај тоа што е втор по големина на европско тло по аквариумот во шпанскиот град Валенсија, аквариумот во Џенова се смета за најголем во целата земја. Катедралата Сан Лоренцо и Палацо Реале се само дел од градбите кои често ги посетуваат туристи од целиот свет додека престојуваат во Џенова. Освен тоа, во градот има и бројни уметнички галерии, како и средновековната куќа „Омбре Роуз“, која е изградена во 13 век, пишува „Кајак“.
На место кое речиси како да одвојува два дела од градот, историскиот центар и модерната Џенова, се наоѓа Пјаца де Ферари, главниот градски плоштад. Во непосредна близина на плоштадот има многу атрактивни градби, меѓу кои една се издвојува. Изграден во неокласичен стил на архитектура, театарот „Карло Феличе“ е познат по статуата на познатиот италијански револуционер Џузепе Гарибалди, која се наоѓа во таа зграда.
Светилникот на Џенова
Еден од највисоките светилници во целиот свет се наоѓа во Џенова. Недалеку од музејот, каде што има експонати кои сведочат за историјата на градот, има светилник, кој често е препознатлив симбол на Џенова.
На самиот врв на двата дела на светилникот, кој е изграден уште во 1128 година, има тераси. Но, историјата на оваа зграда крие и мрачни моменти, бидејќи светилникот во Џенова одреден период функционирал и како затвор. Поточно, во периодот од 1400 до 1543 година таму функционирал затвор, а по обновата овој објект станал своевиден симбол на градот.