„Кои места во Грција треба да се избегнуваат за одмор и зошто?“, праша еден член на фејсбук-групите каде туристите од Балканот разменуваат впечатоци, совети и искуства за летувањето во Грција. Мислам дека со одговорите на ова прашање ќе добиеме најквалитетни информации, бидејќи вакви места има многу помалку од оние што се за уживање, додаде таа.
Иако меѓу одговорите имаше такви што велат дека одговорот на ова прашање е субјективен и дека битно е како ќе го доживееш тоа место, сепак имаше доста одговори со кои многу корисници се согласија.
Ова се одговорите кои добија најмногу поддршка:
„Од Неи Пори ни остана најлошиот можен спомен, лошо време, плажа и море како во Црна Гора, толку многу комарци што за само една ноќ детето ни доби 24 убоди од каснувања само на едната нога“
„Јас имам лошо искуство од Полихорно, плажата е камчеста, освен една каде се влегува во морето преку вреќи со песок. Друга причина е пти немавме топла вода во апартманот, па си топлевме вода во шишиња на соцне сите 15 денови“
„Офринио (местото е после Аспровалта во правец кон Кавала). Убаво место, одлично сместување, но треви во морето. Страшно, не се плива, децата не можат да си играат во плиткото… Иста приказна секој ден“.
„За мене сите места се убави на свој начин, само Паралија не ми одговара поради гужвите, прилично е валкана и се чувствувам како дома, а не во Грциј
„Крф – Кавос. Ужас! Валкано место, плажата никаква полна со крвожедни комарци во неверојатни количини”.
„Ја обожавам Грција и сè ми одговара освен едно место каде што не би се вратилa дури и да ми платат. Некои сè уште го обожаваат тоа место. Тоа е Пефки на Евија. Никогаш повеќе!“
„Не би се вратил во Лептокарија. Ова е моето искуство – несредени улици, валкана плажа, секое утро морето носи трева и ѓубре, медузи… Од друга страна, дружељубиви луѓе, пар убави излети во околините места“
„Олимпик Бич, водата е полна со трева“.
„Јас лично би го избегнал олимпискиот регион – Паралија, Лептокарија… Гужва е, особено во Паралија, во Лептокарија треба да се оди на плажа под пруга, вилите се далеку од плажата, песок како глина, има и медузи“
„Од толку многу наши туристи и музиката што се пушта по кафулињата се добива впечаток дека не сте во Грција, туку во Јагодина. Евтино е, да, но… Можеби би ја одвоил само Платамонa како подобра опција“.